Управата за Јавни Приходи вечерва влезе во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што вечерва без дозвола од Министерството за фанинасии наградна игра организираат Бојан Јовановски алиас Боки 13 и Стефан Лазаров. – дознава Радио Лидер од извори во објектот.

На настанот кој може да го видите во живо на јутуб каналот на Стефан Лазаров, може да се види како тој и Боки 13 доделуваат награди за присутните кои имаат купено карта за да присуствуваат на настанот. Ова е кривично дело, затоа што се влече награда, за која присутните плаќаат влезница а организаторите немаат пријавено во Министерството за финансии.

Настанот се уште трае, но како што дознаваме во овој момент инспекторите на УЈП го испрашуваат сопственикот на објектот во кој Боки и Лазаров организираат наградна игра без дозвола. Во моментов на објавување на овој текст има пауза од наградите.

Останува да видиме дали инспекторите ќе го прекинат настанот, или ќе дочекаат тој да заврши за во кривичното дело да ги вклучат сите компании кои даваат награди преку Јовановски и Лазаров.

Настанот може да го следите овде:

Денеска Лидер објави дека Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој е осуден на девет години затворска казна во случајот „Рекет“, наместо на издржување на затворска казна слободно се движи надвор, промовира нови песни и без дозвола од Министерството за финансии организира наградни игри.

Образложението на здравствените власти е дека тој е инвалид од прв степен и нема услови да лежи во затвор, но затоа, инвалидот од прв степен може да организира наградни игри и да промовира нови музички нумери. Прашањето кое се поставува е дека дали истото лице, сега надвор од затвор има кард-бланш да прави нови кривични дела без притоа да биде вратено во Идризово?

Партнер во дејството му е инфлуенсерот Стефан Лазаров кој на пошироката јавност и стана познат по обвиниението за ширење на омраза кон жените во неговиот подкаст.

Што прават Боки 13 и Лазаров?

Без да имаат обезбедено дозвола за организирање на игри на среќа од Mинистерството за финансии, осудениот престапник Бојан Јовановски и обвинетиот престапник Стефан Лазаров организираат игра на среќа насловена како GIVAWAY 007, според кој ќе доделуваат автомобили, ајфони и стан во Скопје.

Услов за да учествувате на еден од овие наградни игри е да купите карта на некоја од гала вечерите кои ќе ги организираат Боки и Лазаров, а една е најавена за нова година во дискотеката Дефакто во Гевгелија.

Наградата во Штип пак, ќе се доделува вечерва и за да учествувате во неа треба да одвоите помеѓу 800 и 1000 денари.

За да учествувате во наградната игра за Нова Година треба да купите билет во дискотеката во Зона А кој чини 2500 денари или во ФАН/ВИП Зона, каде картата чини 3500 денари.

Немаат дозвола од Министерството за финансии

За да нема злоупотреби од типот на перење пари, незаконски награди и слично, наградните игри во Република Северна Македонија се регулираат од Министерството за финансии. Од каде за Канал 5 утринава одговориле дека немаат никакво барање за ваква наградна игра.

-Предметот наиде на голем интерес во јавноста, а наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии. Бидејќи наградата игра се спроведува без дозвола за приредување на наградна на истото согласно Законот за игри на среќа и забавните игри министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров. – стои во објавата на Канал 5.

Од министерството за Финансии додаваат дека онлајн GIVEAWAY не е регулирано со закон и дека ќе бараат истиото да се регулира.

Но, суштината на објавата на медиумите е дека тука не станува збор за онлјн GIVEAWAY, туку за наградна игра со услов, купување на билет за гала вечер, што е регулирано со закон.

Боки 13 молчи, Лазаров се нафрли на медиумите

Бојан Јовановски молчи за наврадната игра, а неговиот партнер Лазаров веднаш се нафрли на медиумите.

Откако Канал 5 објави за случајот, со серија реакции и навреди кон медиумот излезе Стефан Лазаров. Лазаров се закани дека ќе го тужи и главниот уредник на Лидер, затоа што нашиот медиум ја пренел веста.

Сепак, јасно е дека Лазаров и Боки 13 го прекршиле законот, затоа што продаваат билети во замена за GIVEAWAY.

Согласно членот 2 од законот за организирање на игри на среќа, Лазаров и Боки 13 морало да ја пријават нивната наградна игра. Во ставот 1 јасно пишува:

-Игра на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта ислучиво или претежно зависи од случаноста или од некој иден неизвесен настан во играта. – стои во законот.

Јасно е дека тука вие непосредно се стекнувате со право да учествувате во наградната игра доколку купите билет на Гала Вечерите на Лазаров и Боки 13.

Во ставот 18 од истиот член пишува:

-Наградни игри се игрите на среќа заради рекламирање на производи и услуги кои ги приредува едно трговско друштво или повеќе трговски друштва, на начин определен од страна на приредувачот на игри на среќа (на вообичаен начин, електронски начин, на пад на мобилен уред, интернет и слично) со јавно објавување на на условите за учество на играта на среќа утврдени со правилата на игра, кои што приредувачот на играта на среќа се обврзува на извлечените добидници да им ги додели наградите во предмети, пари или права. – стои во законот.

Лазаров, Боки 13 и дискотеката Дефакто, ги опфаќа и овој член затоа што тие јавно на социјалните мрежи ги објавија условите за учество во нивната наградна игра.

Испит за властите

Согласно законот за игри на среќа, но и доказите објавени погоре, очигледно е дека тука има одредена злоупотреба. Институциите треба да истражат кој е мотивот на споменатите лица. Дали можеби се перат пари на компаниите кои се рекламираат кај овие инфлуенсери? Дали можеби Боки 13 на ваков начин ги легализира парите од Луј Витон ташната? Ова се прашањата на кои институциите ќе треба да одговорат во наредниот период…

Спонзорирани објави на социјалните мрежи

Наградната игра платено се промовира на социјалните мрежи.

Трагичната вистина за тоа каде ние живееме е дека лице кое е осудено на девет години затвор, може слободно да се шета надвор од затворот и да организира вакви активности под изговор дека е инвалид од прв степен.

П.С. За докторите кои ја дале потврдата за инвалидитет, во друга прилика.

 

Редакција на Лидер.мк