Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер се крие во Јужна Америка и оттаму шверцуваат кокаин во Европа, дознава „Курир.рс“. Конкретно, тој е на релација Бразил-Доминиканска Република а заедно со него е и Никола Вушовиќ со прекар Џони од Врачар.
Звицер, кој поседува и македонски пасош преку Црна Гора, Босна, Шпанија пристигнал во Бразил и Доминиканската република.
Звицер во прво време во Доминикана се наоѓал во имиграциски центар и таму бил лоциран од српските разузнавачки служби кои ги информирале локалните власти какво лице се наоѓа на нивната територија.
Звицер и Вушовиќ во Јужна Америка се чувани од најголемите нарко картели кои се нивни стари соработници кои им пружија прибежиште и тука се чуствуваат безбедно.