Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Ве известуваме дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.08.2022 до 19.08.2022 зема 202 примероци за физичко-хемиска и 202 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.