Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за ноември, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намалување под просекот имаат реките Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци и Брегалница кај Берово.

Според УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и во Охридското Езеро е во рамки на просекот за ноември.