Понизок или ист водостој во однос на вчера е забележан кај поголемиот дел од реките во земјава. Исклучок е Црна Река кај Новаци каде, според денешните мерења, нивото е повисоко за два сантиметри и Струмица кај Сушево кај која водостојот е повисок за еден сантиметар во споредба со вчера.
Кај поголем дел од реките нивото е пониско во однос на септемврискиот просек.