Во последните 24 часа ново примени се 7 ковид пациенти, а само три лица се регистрирани како оздравени. За едно деноноќие се направени 57 амбулантски прегледи и регистрирано е едно починато лице, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Истовремено во ковид одделението во Кочани хоспитализирани се 11 пациенти од кои 5 се на кислородна поддршка и се уште нема најава за отворање на модуларната ковид болница истакна директорот на кочанската Општа болница, Александар Серафимов.

-На ковид одделот имаме 11 пациенти, од нив 8 постојано се овде, а останати доаѓаат и си одат, 5 пациенти се на кислородна поддршка, а во последните 24 часа нема регистрирано починати лица. Се уште нема потреба од отворање на модуларната ковид болница во Кочани, бидејќи на овој оддел има слободни уште 12 местадодаде Серафимов.

Според информации од министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.