ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата.
Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 01.02.2022заклучно до15.03.2022. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, претпријатието на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.