За време на вчерашната инспекциска акција, некои одделенија биле затворени и никој не смеел ниту да влезе во објектите, ниту да излезе од нив, сведочат пациенти и нивни роднини.
– Вчера, ДЗСИ изврши вонредна контрола во Клиничката болница во Тетово. Подетални информации ќе соопштиме по нејзиното завршување, велат од Инспекторатот.
Контролата доаѓа по катастрофалниот пожар во модуларниот ковид-центар во болницата на 8 септември, во кој животите ги загубија 14 луѓе.
Од ДЗСИ за Алсат велат дека нивните инспектори извршиле увид во околностите под кои роднини на пациентите престојувале во изгорената болница, но не откриваат какви се нивните наоди. Конкретни информации најавуваат откако ќе заврши истрагата.
Линк до видеото на ТВ21.