Премиерот Заев ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел, информира владината прес-служба.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети Македонскиот културен центар во Тирана.