Средбата беше свикана во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и работата на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од 5 месеци.

Премисата беше наговестена во изјавите на сите политички чинители изминативе денови.

Координаторите на СДСМ и ВМРО–ДПМНЕ го известија претседателот за кои точки е постигната согласност за деблокирање.

Џафери нагласи дека не смее да има приоретизирање на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии се договориле за тоа надвор од Собранието, работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со КОВИД – 19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието а не само законодавниот процес.

Претседателот на Собранието, исто така нагласи дека, праксата на условување не оди во прилог никому.

Заклучокот од Координативната средба е дека утре (15 април), Собранието продолжува со работа по 32 седница, додека за натамошната динамика на работа, ќе се координираат дополнително.