Општина Карпош, преку општинскиот Инспекторат и во соработка со Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во населбата Злокуќани.
При надзорите биле утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се поведени соодветни инспекциски постапки.
Во рамки на акцијата бил отстранет и кабаст отпад од јавните површини на улицата „Скупи“ и од внатрешноста на населбата. Повеќе лица биле опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.
„Инспекциските служби разговараа и со жителите за актуелните комунални проблеми. Општина Карпош продолжува со редовни инспекциски контроли и засилени заеднички акции со полицијата, со цел поголем ред, чистота и почитување на законските прописи“, порачаа од Општина Карпош.
