Од УХМР известуваат дека од денсека во попладневните часови, па се до крајот на неделата, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите се очекува да бидат во форма на невреме со услови за појава на град а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд.
Доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците. Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми.
Исто така, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта. Препорачуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови (пред се во попладневните часови) се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.