Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, повторно е победник на 10 километарската трка на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“. Во женска конкуренција 10-те километри прва ги истрча Адријана Поп Арсова.

Втори на целта беа Тирон Мамуша и Биљана Кираџиева, додека третото место во оваа категорија им припадна на Муџахид Мислими и Марина Домазетовска.

На пет километарската трка најбрз од мажите беше Никола Павлов, а во женска конкуренција Николина Милевска. Второто место им припадна на Дамјан Малиновски и Тамара Јолевска Попов, а трети беа Григоријан Никовски и Анастасија Ристова.

На годинашното издание на „Трка на поезијата“, учествувале околу 900 натпреваручави од 11 држави во категориите од 5 и од 10 километри. Вчера на детската трка, наречена „Боград детска трка“, која беше посветена на децата со ретки болести се натпреваруваа 300 дечиња во пет категории.