Седумдесет и двегодишен маж е лишен од слобода откако во алкохолизирана состојба пукал со огнено оружје од својот семеен дом. Инцидентот се случил во кичевското село Свињишта, каде што биле испукани неколку куршуми од ловна пушка.
Припадниците на полицијата веднаш интервенирале на терен и му го одзеле оружјето на напаѓачот. Направениот алкотест покажал високо ниво од 1,56 промили алкохол во неговиот организам.
Службениците постапиле по претходно поднесена пријава од граѓани дека лицето со иницијали П.Т. пука од сопствената куќа.
