Несреќата се случила во 9:20 часот кога товарниот воз кој сообраќаел од Трубарево кон Куманово и превезувал толчаник (камен) за потребите на ЈП за Железничка инфраструктура се излизгал и се случила хаварија на 14 вагони од вкупно 20-те вагони. Од претпријатието соопштија дека оштетена е и пругата и ќе има застој на коридорот 10.

– Комисијата за вонредни настани која е составена од стручни лица вработени во АД МЖ Транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура е излезена на местото за да направи увид и ги открие причините за несреќата, соопштија надлежните.

Од Јавното претпријатие велат дека првин ќе се расчисти пругата од излизганите вагони, по што стручни екипи ќе извршат санација на оштетениот дел.

– Ќе се работи со засилен интензитет за да може што е можно побргу, повторно да се воспостави сообраќајот на Коридорот 10, кој е од најголемо значење за железничкиот сообраќај во државата, наведуваат претпријатието.

Од СВР Куманово велат дека кај нив настанот е пријавен и дека нивна екипа врши увид.