На 31.03.2022 во 09.34 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на крстосница од бул.„Гевгелија“ и стар магистрален пат М1 во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(72) од с.Ѓавато, општина Богданци и патничко возило „мерцедес“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(27) од с.Богородица, гевгелиско, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.