Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица и се повредени голем број пабници според српските претставници се случила бидејќи возачот на автомобил со грчки таблички заспал на воланот и удрил директно во автобус со српски туристи. Ова за „Н1.рс“ го изјави за претседателот на YUTA, Александар Сеничиќ.

Како што рече Сеничиќ, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил.

Тројца од жртвите биле во автомобилот кој прв удрил во автобусот, потврди Сеничиќ за грчките медиуми.

Тој вели дека голем број патници на нишката агенција „Ski&sun travel“ се повредени и дека се префрлени во болниците во Солун и Поликастро.

Претседателот на ЈУТА додава дека има луѓе со скршени раце и нозе, но засега нема информации дали има жртви меѓу српските туристи.

Екатимерини: Во друга кола Србинка со дете

Портпаролот на противпожарната бригада, Џанис Артопојос изјави дека од еден од двата автомобили биле извадени три лица во несвест. Од истиот автомобил е извадено и четврто тешко повредено лице. Од вториот автомобил се извлечени две тешко повредени лица. Вториот автомобил го управувала Србинка со дете, пишува грчкиот портал Екатимерини.

Околу 20 лица се повредени во туристичкиот автобус, јавува грчкиот портал Екатемерини. Според портпаролот, во автобусот имало 78 патници, српски туристи кои заминале на одмор во Аспровалта, во регионот на Солун.

Според возачот на автобусот, автомобилот со четворица патници се движел во спротивен правец кога наеднаш удрил во автобусот. Автобусот се превртел и паднал во канал покрај патот. Автомобилот со четворица патници е целосно уништен.

Оваа сообраќајна несреќа се случила на самиот влез, односно на излезот од Грција, во близина на граничниот премин Евзони, на дел од патот кој не е автопат.

Во тој дел, кој многу возачи го сметаат за многу небезбеден, средината на патот често се користи за заобиколување во двете насоки, а побавните возила се движат во лентата за застанување за да направат место за оние кои брзаат.