Според ограничените информации објавени од воздухопловните сили, властите во четвртокот тестирале хиперсонична ракета што требало да биде лансирана од стратешкиот бомбардер Б-52. Локацијата на лансирањето не е наведена. Војската очекуваше ракетата да се забрза пет пати побрзо од брзината на звукот.

– Лансирањето беше прекинато пред да биде пуштена ракетата поради непознат проблем“ изјави подоцна портпаролот на американските воздухопловни сили. Според него, „ракетата ќе му биде вратена на производителот, а анализата на телеметријата и податоците од авионот ќе започне веднаш.“ Американската војска очекува „што е можно поскоро да ги обнови тестирањата.

Ова е трет неуспешен тест на ваков проектил. Претставници на Пентагон постојано признаваат дека САД заостануваат зад Русија и Кина во производството на хиперсонично оружје.