-Она што го рече претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска, рече Макеј.

Претходно, Лукашенко изјави дека Белорусија и понудила на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија, доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.