Косовски државјанин е приведен откако полицијата утврдила дека управувал возило со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Возачот Ш.З. (36) бил лишен од слобода денеска во 8:41 часот на паркинг-просторот кај Милетково. При приведувањето постапиле полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија.
Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило со косовски регистарски ознаки и ја надминал дозволената брзина за 100 километри на час.
Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за несовесно управување со моторно возило.
