Возило излетало од патот и паднало во подлабока провалија на влезот во Маврово од правецот на с.Никифорово, информира РЦУК Тетово.
Според информациите добиени од полициската станица Маврово, две лица се извлечени од провалијата додека едно лице само успеало да излезе. Трите лица се упатени во болницата во Гостивар и според дежурниот лекар имаат полесни телесни повреди.