Полицијата синоќа привела 22-годишник кој се обидел да силува 72-годишна жена во кавадаречко.

Според информациите, се работи за С.Р. од кавадаречко село, кој се сомничи дека во селото се обидел да изврши обљуба врз жената.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.