Возило со италијански дипломатски таблички настрада во пожар вечерва во скопска Кисела Вода. 41-годишен скопјанец возел со возилото марка „џип“ одел кон Сопиште, но забележал чад од хаубата, по што застанал и побарал помош од локалците.

-Вечерва во 19.29 час. во СВР Скопје од страна БППЗ пријавено е дека на место викано Теферич -К.Вода гори возило. Од страна на полициски службеници од ПС К.Вода излезено е на место на настан при што е констатирано дека е опожарено возило “џип” , сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје, кој појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема, велат од МВР.