Дете со мотоцикл удри во девојче од Струга и му нанел тешки телесни повреди, објави МВР.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на 21 септември, околу 20 часот, на улицата ЈНА во Струга.

„Малолетник од селото Радолишта, Струшко, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетничка – пешак од Струга“, објави МВР. во билтенот

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.