На социјалните мрежи се појави вознемирувачка видео-снимка од Гостивар на која се гледа масовна тепачка меѓу група млади лица.

Според снимката, едно од момчињата паѓа на асфалтот по силен удар во главата и останува неподвижно. Во тие моменти, друго лице му приоѓа и продолжува да го удира со дрвена прачка, која се крши при нападот.