Вработен во Итна помош со остар предмет се заканувал на медицински персонал, информираат од МВР.

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, Ф.С. – вработен во Итна медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.