Охридската полиција поднесе кривична пријава против К.С. (63) од Охрид, поради „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

„Тој, од 2020 година, во својство на службено лице – вработен во Националнио парк ‘Галичица’, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста Јадера, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација“, велат од МВР.