Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.
Во понеделник, на 8ми ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.
Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.