Големи делови на скопските населби Карпош, Влае, Тафталиџе, Ѓорче Петров и Центар останаа без струја, потврдиле за Телма од ЕВН.

Според податоците од ЕВН, 110-киловолтната трафостаница Запад е во дефект, а нивните екипи се упатени на терен за отстранување на дефектот.

Во меѓувреме, потрошувачите се префрлаат на други алтернативни извори за напојување, информираа од ЕВН.