По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, од ВРЕДИ упатија порака во која се нагласува значењето на работничкиот труд. Во соопштението се истакнува дека овој ден претставува почит кон сите што придонесуваат за развојот на државата.

Следи целото соопштение: 

„Како ВЛЕН, го реафирмираме нашиот непоколеблив ангажман за правата на работниците, за праведни плати и за достоинствени услови на работното место. Веруваме дека секоја капка пот заслужува праведен надомест, секој труд заслужува почит, и секој работник заслужува живот со достоинство.

Презедовме конкретни чекори: ја зголемивме минималната плата на 26.400 денари нето, важен чекор кон подобрување на животниот стандард и намалување на нееднаквостите. Ги зголемивме платите на здравствените работници, наставниците… и презедовме значајни мерки за поддршка на различни категории во општеството.

За нашите пензионери обезбедивме зголемување од +7.000 денари за над 340.000 корисници, со што се подобрува нивната благосостојба и економска сигурност. Во областа на вработувањето, усвоивме рекорден Оперативен план од 40 милиони евра, кој вклучува конкретни мерки за над 16.000 граѓани за вработување и самовработување.

Поддршката за претприемништвото исто така е во нашиот фокус: нудиме грантови до 20.000 евра за бизнис идеи и самовработување, поттикнувајќи создавање нови бизниси и економски развој. За домашните компании ставивме на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој, со цел зголемување на конкурентноста и отворање нови работни места.

Во земјоделскиот сектор, ги поддржуваме младите со грантови од 10.000 евра за започнување земјоделски активности, давајќи живот на руралните средини и зајакнувајќи го домашното производство. Во меѓувреме, во здравството отворивме нови работни места за здравствени кадри, вклучително 600 позиции за специјалисти и специјализанти, како инвестиција во квалитетот на услугите за граѓаните. Но ова е само почеток. Не застануваме тука.

ВЛЕН ќе продолжи со целосна посветеност за понатамошно зголемување на платите, за подобрување на условите за работа, за безбедност на работното место и за создавање економија која го вреднува трудот и човекот. Ќе се бориме за политики кои го ставаат работникот во центарот, кои ги штитат правата и создаваат одржлива благосостојба за секое семејство. Затоа што силна држава се гради врз почитувани работници. Праведно општество се гради врз вреднувана пот и награден труд.

Денес, повеќе од кога било, да се обединиме околу овие вредности. Да работиме заедно за иднина каде што трудот не е само преживување, туку достоинство, сигурност и гордост.

Среќен 1 Мај!“