Оперативна акција по пријава за инцидентот
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистен случајот со обид за опожарување на верски објект на Еврејската заедница во Скопје, кој се случил на 12 април 2026 година околу 04:50 часот.
Веднаш по пријавата биле преземени мерки од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Во активностите биле вклучени и СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност.
Претреси на 13 локации и заплена на докази
Во текот на истрагата биле спроведени повеќе оперативно-тактички активности на подрачјето на Скопје.
На 30 април 2026 година, во координација со СВР Скопје и ОСПО, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, биле извршени претреси на 13 локации.
Претресите биле спроведени по претходно обезбедени судски наредби за претрес на дом и други простории. При акцијата биле приведени седум лица, а биле одземени и предмети и електронски уреди поврзани со случајот.
Кривични пријави и одреден притвор
По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани за понатамошна постапка. Потоа, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам поднел кривична пријава против А.Љ. (21) од Скопје, поради основано сомнение за „тероризам“ по член 394-б од Кривичниот законик.
Кривична пријава е поднесена и против А.Р. (38) од Скопје, за истото кривично дело, по член 394-б во врска со член 24 од Кривичниот законик.
Од страна на судија на претходна постапка, на осомничените им е одредена мерка притвор.
