Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 степена.
Според УХМР, до петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Во сабота ќе има зголемена облачност, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и значително постудено време со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови.