Денеска со сонце и мала до умерена облачност

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во источните делови се очекува локален и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а дневните максимални ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени.

Временска прогноза за Скопје

Во главниот град ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе се искачи до 32 степени.

Прогноза за наредните денови

Управата за хидро-метеоролошки работи соопшти дека до петок времето ќе остане претежно сончево и топло, со постепен пораст на дневните температури и слаб до умерен ветер од јужен правец.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, додека во недела ќе се смени правецот и ќе преовладува северен ветер.