Денеска низ државата преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ветерот е слаб и претежно од југозападен правец. Минималните температури се движат од -3 до 3 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 15 и 19 целзиусови.

Слаба магла во Скопје во утринските часови

Во Скопскиот регион наутро се очекува појава на слаба магла во делови од котлината. Во остатокот од денот времето ќе биде сончево и речиси тивко, со повремена умерена облачност. Термометрите ќе покажат од 1 степен минимално до 17 степени максимално.

Најави за зголемена облачност и дожд следната недела

Според Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник ќе следува постепено зголемување на облачноста. Од вторник се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места и пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, со брзина над 60 km/h.