Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.

Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза и престој.

-Времето минува, а ние се уште ги немаме средства и неизвесноста не убива. Дали ќе успееме? Дали ќе ги собереме потребните парични средства? Дали Нина ќе го издржи сето ова? Ова не е нејзина прва операција. Детството го мина по болници, операции, третмани, терапии… Секогаш хуманоста поверувала и сте биле тука за Нина. Ве замолуваме да бидете и сега да донирате и споделите, велат од нејзиното семејство.

Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.

Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.

Да не дозволиме болката да победи.
Да не дозволиме да биде доцна.

-Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА, вели семејството.

Донации преку телефон:
143 193 – Телеком
143 473 – A1

Банкарски сметки:
Шпаркасе: 250500021369574
НЛБ: 210501724202015

IBAN: MK07250080008236959
SWIFT: INSBMK22
Банка: Sparkasse
Примач Нина Димитриевска