Вселенскиот патријарх Вартоломеј е позитивен на коронавирусот, соопштија од прес-службата на Патријаршијата.

Вартоломеј (81), според соопштението, е целосно вакциниран против ковид-19 и нема тешка клиничка слика. Односно, чувствува само благи симптоми на вирусот.

Патријархот е духовен поглавар на околу 300 милиони православни христијани ширум светот, а седиштето на Патријаршијата е во Истанбул, Турција.