Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, изјави за МИА дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.
Ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.