Фондацијата „Марко Божиновски“ која го носи името на прерано починатиот македонски ракометар во периодот од 15 до 17 јуни ќе го организира и второто издание. Познати се екипите кои ќе настапат на овој турнир, а меѓу нив има пет екипи од Македонија и една од Босна и Херцеговина.

Станува збор за екипите на кадетскиот шампион на Босна и Херцеговина, Коњух Живинице, како и петте македонски претставници – последниот клуб на Божиновски, Бутел Скопје, како и Еурофарм Пелистер, Голден Арт, Алкалоид и Тиквеш.

Екипите ќе бидат поделени во две групи. Првите два дена ќе се играат натпреварите од групната фаза, додека на последниот ден од турнир ќе бидат и дуелите за пласман.

Овој ракометен турнир ќе се одржи на отвореното игралиште во спортскиот центар кој го носи името на Марко Божиновски во Општина Аеродром, а за организацијата ќе се погрижи фондацијата која го носи неговото име.

Резултатите, натрепварите како и останатите детали може да ги следите на нивниот профил.