Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Ова е второ прскање, по првото кое се изврши на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.

Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Воедно, се повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираат од Град Скопје.