Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посети пратеничката Јасмина Обрадовиќ, која, како што претходно изјави Ана Брнабиќ, доживеала мозочен удар за време на нередите во српското Собрание.
„Во посета на Јасмина Обрадовиќ. Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи“, напиша Вучиќ покрај фотографијата.
View this post on Instagram
Да потсетиме денеска имаше конфликт меѓу пратеници во Собранието. Дури и фрлаа со јајца, а беше фрлена и димна бомба од која на некои пратеници им се слоши.
Во еден момент, по паузата која траеше околу 10 минути, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изјави дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ морала да ја напушти седницата откако била фрлена димна бомба и дека била однесена со возило на брза помош.
Набргу потоа, претседателката Брнабиќ изјави дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ (СНС) имала мозочен удар поради фрлена шок бомба.
„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар и е во животна опасност, „Се бори за живот откако вие и фрливте шок бомба“, изјави Ана Брнабиќ.