Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер одговарајќи на новинарски прашања во врска со немирите на северот на Косово, кажа дека нема да го признаат Косово.

„Ни формално, ни неформално. Заборавете на признавање на Косово“, изјави вечерва српскиот претседател.

Меѓу другото, им порача на Србите да бидат воздржани и да веруваат на својата земја.

„Наше е да издржиме се што можеме, за да нема повеќе крвопролевање. Наше е да се обидеме да го зачуваме мирот. Кога ќе донесеме одлука ќе ве известиме“, потенцираше Вучиќ.