Премиерот ноќеска најави дека од денеска Вучиќ ќе испрати помош.
– Пред 3 и пол часа разговарав со српскиот претседател Александар Вучиќ и тој потврди дека ќе стави на располагање неколку хеликоптери за гасење на пожари, за да почнат од утре да доставуваат вода. Разговарав и со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, за да делуваме со сите ресурси за да не се прошири пожарот, изјави синоќа премиерот Зоран Заев од местото во Кочани каде што започна голем пожар.