Српскиот претседател Александар Вучиќ се осврна на изјавите на германскиот амбасадор Јорн Роде, велејќи дека тој е „познат по своите антисрпски ставови и дека се меша во се, почнувајќи од тоа каков грав ќе се јаде во Северна Митровица“.
Во изјавата од Азербејџан за ТВ Пинк, Вучиќ се осврна на изјавата на Роде дека барикадите во Косово треба да бидат отстранети до Божиќ.
„Неговата изјава е опасна, таа е закана за српскиот народ“, рече Вучиќ. Тој праша и зошто Приштина ги споменува жртвите и колку Срби ќе убијат, а го спомена и косовскиот премиер Албин Курти, за кого исто така рече дека се заканува.
„Германија сака целосна доминација на Балканот“, тврди Вучиќ и додаде дека „отсекогаш знаел дека некој го турка Курти во неговиот дисбаланс“. Тој изјави и дека српската војска е десет до петнаесет пати посилна од пред десет години и дека во Баку ќе разговара за воена соработка.
„Секако дека ни треба силна војска, инаку би не голтале како мачка и глушец“, вели Вучиќ, а потоа се сврте кон Турција. На односите со нив, вели тој, ќе влијае тоа што тие ја вооружуваат Приштина, мислејќи на беспилотни летала.
Вучиќ рече дека за кризата на северот на Косово, како врховен командант на српските вооружени сили, ќе носи одлуки во согласност со интересите на својот народ. „ Подобро да зборуваме илјада дена отколку да одиме во војна еден ден“, рече Вучиќ.