Вучиќ се појави во авионот на фудбалската репрезентација пред тргнувањето за Португалија, ветувајќи премија од еден милион евра ако биде обезбеден директен пласман на СП 2022 во Катар. Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и неговите избраници ја остварија зацртаната цел и ја заслужија наградата, а Вучиќ денеска се јави со нови ветувања, за уште поголеми инвестиции во српскиот спорт.

-Што е проблематично во наградата? Навистина не разбирам… читам како некои луѓе велат дека сме немале пари. Па во буџетот има средства кои важат за тековни буџетски резерви, бидејќи не сме го потрошиле сето она што сме предвиделе. Дури сега ќе видите, допрва следи вистинското „частење“ во спортот. Ќе потрошиме над 10 милиони евра на српскиот спорт, на одбојката, ватерполото, ракометот и на боречките спортови. Пари ќе добијат и федерциите и клубовите, во првите и во вторите лиги, сакаме луѓето ширум Србија да можат да финансираат, да ја мотивираме младината да се занимава со спорт, изјави Вучиќ.