Цената на енергенсите на светскиот пазар е висока, потврди денеска и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Вучиќ рече дека Србија не може, а да не ги гледи светските текови на центата на енергенсите иако обезбеди евтин гас од Русија.
За оние кои прашуваат што ни е грижа за цената на гасот и на струјата, сакам во две реченици да ви објаснам зошто ни е грижа за цената на гасот. Ќе има големи проблеми во регионот и во Европа и тоа само заради цената на струјата и гасот во моментов. Гасот денеска на берзите изнесува 1250 долари за кубен метар, а тоа е 4,5-5 пати повисока цена од онаа што ја плаќаме ние денес и ќе ја плаќаме уште 5 и пол месеци. Ние дневно добиваме по 6-6,5 милиони кубни метри гас дневно по цена од 270 долари. Но, што ќе биде кога ќе стегнат студовите и ќе имаме потреби од 10 милиони кубни метри гас, рече Вучиќ изразувајќи загриженост иако, како што нагласи Србија е во најповолна ситуација во регионот.
Тој пресметува дека оние дополнителни 4 милиони кубни метри гас за постудените денови Србија би требало да ги плаќа по редовна пазарна цена, а тоа би чинело дневно 4 милиони евра повеќе од цената што ја обезбедила Србија со договорот со Русија.
Зборувајќи за струјата, Вучиќ рече дека Србија вчера ѝ дала помало количество струја од своите вишоци на една земја во регионот.
Ја продадовме струјата по цена од 499 евра за мегават час, струја што нас не чинела 52 евра. Значи десетпати поскапо. На пазарот нема стуја, луѓето од нас купуваат десетпати поскапа струја. Во регионот Македонија, Албанија, Црна Гора, па тие купуваат струја по 350-380-400 евра за мегават час дневно. Дневно купуваат 50-60 отсто од потребите, рече Вучиќ.
Во Европа недостасуваат 70 милијарди кубни метри гас, додаде претседателот на Србија.