Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска му го честитал изборот на Јаков Милатовиќ за нов претседател на Црна Гора, соопштија од кабинетот на претседателот.
„Ви ја честитам победата на претседателските избори, со верба дека ќе покажете цврста волја да обезбедите живот во мир и напредок за граѓаните на Црна Гора“, се вели во честитката.
Според информациите, Вучиќ му рекол на Милатовиќ дека во Србија секогаш ќе има доверлив партнер во развојот на политичкиот дијалог и зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји, како и солидна поддршка за мирен и стабилен Балкан.