Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека најавата на Приштина за укинување на динарот во Косово „е загрижувачки и ги доведува во прашање сите процеси“.

„Најавата што ја добиваме од Приштина дека се подготвени да размислуваат за откажување на платежните трансакции со централна Србија, односно забрана за користење на динари, да упаѓаат во нашите пошти во јужната српска покраина, ги доведува во прашање сите процеси, и нормализација и дијалогот, изјави Вучиќ во Давос.

Тој, како што пренесе Бета, додаде дека ова ќе биде клучната тема на средба што ќе ја има со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.