Андријана Лазиќ, млада пејачка  од република Српска,  починала на 10 јануари откако паднала од 24 кат во Дубаи, јавуваат медиумите.

Таа е од Бјелина, а родена е на 02.11.1995 година.

Таа неодамна сними две нумери со познат композитор Горан Ратковиќ Ралет, а беше на прагот да започне професионална музичка кариера.

“Да, точно е. Вистина е, паднала од 24 кат. Ништо не знаеме, не знаеме како се случило”, изјавил нејзиниот татко за telegraf.rs.

Обожавала да патува, а често со пријателите посетувала интересни дестинации.

Таа отиде во Дубаи на 7 јануари, а настрадала  три дена подоцна.

Таа беше дипломиран правник.