– Нашата цел е да имаме апсолутно мнозинство во Белград и убедливо мнозинство во Србија, изјави тој за ТВ Прва.
Според него, најсилен политички противник на Српската напредна партија (СНС) во овој момент е движењето „Доста е“ на Саша Радуловиќ.
Тој нагласи дека ќе побара од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да спречи повлекување на КФОР и УНМИК од Косово.
Според него, постојат две опции во Косово – „да се повлечат КФОР и УНМИК и да остане американската база Бондстил, или да не постои „ниту Бондстил, а тоа би значело дека албанската војска ќе ги окупира границите кон централна Србија “.
Тој рече дека она што го тврди е „разузнавачка информација“ и дека „тоа го бара една голема сила“, но не сакал да потврди дека станува збор за барање од САД, јави Бета.
Вучиќ изјави дека на разговорите во Брисел во наредните денови, тој ќе побара тоа да не се случи, бидејќи „тоа ќе биде крај на се и затоа што сето тоа е во спротивност со Резолуцијата 1244“.
– Не можеме да го прифатиме тоа, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека е против менување граници и тоа според него е можно само со мандат на ОН.
– Менување граници е можно само со мандат на ОН или некоја друга институција, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија рече дека не потпишал документ во Вашингтон со споменување на признавање на независноста на Косово и покажа текст со негов потпис.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека е „лага“ дека неговиот син Данило се обидел да ги преземе навивачите на Партизан по апсењето на криминалната група на Вељко Беливук.