Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека заминал на саемот за оружје во Абу Даби за купување дронови и дека до крајот на годината тие ќе стигнат во Србија.

Почна конкурсот за лесни единици и ќе имаат меѓу 1.800 и 2.000 војници, ќе имаме јуришни батаљони, вооружување и сè што е потребно за борба, ќе имаме и тешки единици и здружени тактички групи каде ќе имаме и хаубици, „панцири“, „кубови“ и „игли“. Тоа е основно, сериозно ќе ги подобриме оперативно функционалните способности на војската“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека почнала општа трка во вооружување и дека „една Полска“ размислува да го крене буџетот за војската на пет отсто.

„Ние сме на два отсто, а како тргнало ќе кренеме на три, кој нема да има сериозна војска ќе биде нападнат. Државата ќе го подигне капацитетот“, кажа српскиот претседател.

Повтори дека почнала светска трка во вооружување и дека досега не било вака. Тој кажа дека ова е „целосно лудило“.

„Кога некој размислува да го зголеми буџетот за одбрана на пет отсто од вкупниот буџет, јасно ви е дека сè е отидено по ѓаволите. Беше 1,2, па 1,3, а сега е пет отсто“, кажа Вучиќ.

 

Обединетите Арапски Емирати и градот Абу Даби од 20 до 24 февруари се домаќини на 16-от меѓународен саем на вооружување и воена опрема Идекс 2023 и седмото издание на поморската воена изложба Навдекс 2023. Тоа се најголемите настани од тој вид во светот, во рамки на кои се прикажуваат најновите иновации и технологии во секторот на одбраната и најновите технологии и опремата развиени од одбранбените сектори низ светот.

„Одиме со голем развој, почна општа трка со вооружување. Битно е да не работиме по стариот систем, туку пазарот ги одредува цените. Има огромни вложувања оваа година. Се снаоѓаме. Сериозно ќе го кренеме нивото на борбената готовност, ги повикувам момчињата и девојките да се пријават. Добредојдени се во својата војска. Сега за сега се бавиме со дронови, дојдовме тука и нешто да купиме“, кажа српскиот претседател.

На настанот присуствуваат 350 високи делегации од целиот свет, како и многу лидери, функционери од меѓународните одбранбени и безбедносни компании и експерти од целиот свет.